Blog

Вкусот на медот

  • Датум :

  • 2020-05-20
  • Блог од :

  • Милан Врглески
  • Преведено од: :

  • Неда Илиевска

Медот има подобар вкус кога е од природа

Пчеларот Дедо Васил Гитановски, ги прикажува некои од неговите кошници во неговата рурална сопственост над Црна Река во Мариово. Пред неколку години Дедо Васил ја премести својата операција за производство на мед во предградието на Прилеп, во обид да го направи својот бизнис поефикасен. За жал, медот го зеде вкусот на токсични градски гасови и никој не сакаше да му го купува. Една година подоцна тој го пресели пчеларникот на свеж воздух во планинските рамници, и медот што го произведуваат пчелите е во голема побарувачка.

Секогаш застанувам да го посетам пчеларникот на Дедо Васил кога сум таму.

Кога ќе го пробате неговиот вкусен див цветен мед мислите дека можите да го слушнете зуењето на пчелите.

Leave a Comment