Blog

Саатот за струја

  • Датум :

  • 2020-05-17
  • Блог од :

  • Милан Врглески
  • Преведено од: :

  • Неда Илиевска

Флип на прекинувачот ... Нека има светлина!

За жал, тоа не беше толку лесно ...

За време на мојата посета на Мариово 2016, се прошетав низ нашата куќа во селото Бешиште. При отворањето на влезната врата, влегов во салонот кој е поврзан со две спални соби, кујна и споредна врата која беше од собата каде што се одржуваше добитокот. Во салонот има голема трпезариска маса и простор за чување чевли. На спротивниот ѕид во близина на таванот е центар за дистрибуција на електрична енергија што се состои од еден саат за мерење на струјата и два тркалезни осигурувачи кои се вградени во камен ѕид.

Стариот саат беше заменет со дигитален систем и после беше оставен на масата во салонот. Кога го видов јас почувствував носталгија и се потсетив на времето кога струјата беше донесена во Бешиште за прв пат. Во почетокот на 1960 тите години татко ми беше еден од главните организатори за спроведување на струјата во селото. Во тоа беше вклучено и донесувањето на бандерите за струја од соседното село Манастир. Четвртаста, висока зграда се користеше и сеуште се користи како трансформатор и во подоцнежните години и некои од околните села добиваа струja преку овој трансформатор. Домот и нашата куќа беа едни од првите што беа уклучени со струја.

Бев многу среќен што го донесов стариот саат над 6.000 милји во Канада, каде што гордо го имам на изложба на ѕидот во мојата викендица (последните бројки на саатот 8003,0 kWh) и каде што ме потсетува на минатото.

Leave a Comment